Lokalna samouprava (poim, sodržina,nadležnosti)
(makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 13 | Nivo:
Praven fakultet
Содржина
Вовед
Надлежности на општините
Советот на општината
3.1 Надлежности на советот на опжтината
4. Градоначалник
5. Акти на општините
6. Заклучок
1. ВОВЕД
Граѓаните го остваруваат правото на локална
самоуправа непосредно и преку претставници во органите на општината. Граѓаните
на Република Македонија, кои имаат постојано живеалиште на подрачјето на
општината се жители на општината. Општината го уредува вршењето на своите
надлежности со статутот и други прописи. Со статутот на општината се уредуваат:
организацијата и работењето на органите на општината, организацијата и
работењето на комисиите на советот. Органите на општината, комисиите на советот
и јавните служби основани од општината се должни, без надоместок да ги
информираат граѓаните за својата работа, како и за плановите и програмите кои
се од значење за развојот на општината, на начин утврден со статутот. Општината
е должна на граѓаните да им овозможи пристап кон основните информации за
услугите што им ги обезбедува, на начин и под услови уредени со статутот. Во
согласност со економската политика на државата, општината се финансира,од
сопствени извори на приходи и други извори на финансирање. Сопствени извори на
приходи на општината се локалните даноци, надоместоци и такси утврдени со
закон. Општината има свој буџет. Општината се основа за подрачје на едно или
повеќе населени места во кои граѓаните се поврзани со заеднички потреби и
интереси, на кое постојат услови за материјален и општествен развој и за
учество на граѓаните во одлучувањето за локалните потреби и интереси.
Подрачјето на кое се основа општината треба да претставува природна географска
и економска поврзана целина, со комуникации меѓу населените места и гравитација
кон заемниот центар, како и да има изградени инфраструктурни објекти и објекти
од општествен стандард.
2. НАДЛЕЖНОСТИ НА ОПШТИНИТЕ
Општините, во рамките на законот, во согласност
со начелото на супсидијарност, имаат право на своето подрачје да ги вршат
работите од јавен интерес од локално значење, што не се исклучени од нивна
надлежност или не се во надлежност на органите на државната власт. Општините
самостојно, во рамките на законот, ги уредуваат и вршат работите од јавен
интерес од локално значење, утврдени со овој или друг закон и се одговорни за
нивното вршење. Општините се надлежни за вршење на следниве работи:
1. Урбанистичкото (урбано и рурално) планирање,
издавањето на одобрение за градење на објекти од локално значење утврдени со
закон, уредувањето на просторот и уредувањето на градежното земјиште;
2. Заштитата на животната средина и природата –
мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето,
заштита на природата, заштита од бучавата и нејонизирачкото зрачење;
---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: maturskiradovi.net@gmail.com
besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!